Во Дебар до 10 часот гласале 9,4 отсто, во Центар Жупа 6,8 отсто од гласачите
Текот на гласањето во општините Дебар и Центар Жупа минува без проблеми, но со слаб одѕив на гласачи.
- Од вкупно 18.406 избирачи кои гласаат на 27 избирачки места, до 10 часот во нашата општина своето граѓанско право го оствариле над 1.600 граѓани или 9,4 отсто. Вообичаено поголема излезност очекуваме во попладневните часови, изјави Али Реџа, секретар на Општинската изборна комисија.
Дебрани избираат градоначалник меѓу шестмина кандидати, додека новите 15 членови за Советот на општината меѓу кандидати од седум кандидатски листи.
- Во единствениот избрачки список во општина Центар Жупа запишани се 6.810 лица со право на глас. До 10 часот гласале 468 или 6,8 отсто од вкупнот број гласачи, изјави Еран Зубер, претседател на ОИК за оваа општина.
Жителите од општина Центар Жупа нов градоначалник избираат меѓу двајца кандидати, додека за единаесетчлениот општински совет меѓу кандидати од пет кандидатски листи.
Ново на Сител
-
Илон Маск ја продаде својата компанија „Х“ на друга своја компанија
-
Претрес во Кочани, пронајдена кафеава прашкаста материја и марихуана
-
На скопските клиники остануваат 14 повредени пациенти од пожарот во Кочани, во странство останува 91 пациент
-
Почнува летното сметање на времето
-
Трамп: Ако не можеме да постигнеме договор, работите ќе станат непријатни за Иран
-
Бројот на жртвите во земјотресот во Мјанмар се искачи над илјада
-
Облачно со повремени врнежи од дожд, особено попладне
-
Обилни врнежи град го отежнаа сообраќајот на автопатот Скопје-Штип