Во Црна Гора за вакцинација против Ковид-19 се пријавиле само 73.000 граѓани

Во Црна Гора, 16.570 граѓани примиле една доза на вакцина, додека 2.091 од нив биле ревакцинирани. Како што покажуваат податоците од страницата covidodgovor.me. 73.824 граѓани се пријавиле за вакцинација.
Црногорската министерка за здравство Јелена Боровиниќ Бојовиќ изјави дека не е задоволна од одзивот на вакцинацијата.
Таа рече дека бројот на апликанти не е доволен и дека „најмногу би сакала сите да аплицираат за вакцинација“.
– Ќе сториме се што е во наша моќ да ја подигнеме кампањата за вакцинација на завидно ниво и да им се приближиме што е можно поблиску на граѓаните, во смисла на објаснување колку е навистина важна имунизацијата, рече Боровиниќ Бојовиќ.
Досега во Црна Гора имало 81.387 заразени граѓани, додека во моментов има 7104 сктивни случаи.
Вкупниот број на смртни случаи поврзани со Ковид-19 во Црна Гора од почетокот на пандемијата е 1.241.
Ново на Сител
-

Трамп: Ормуската Теснина е исчистена од мини, секој што ќе постави нови ќе биде уништен
-

Почина Доли Партон
-

Канада воведува нови царини за американските производи, трговската војна се заканува да ги погоди и Американците
-

Акција за отстранување хаварисани возила во општина Карпош
-

Лавров: Москва и Ватикан го зачуваа дијалогот заснован на заемна почит и доверба
-

ЦУК: Осум активни пожари, еден под контрола, а 14 се изгаснати
-

Федерер не планира враќање на тенисот
-

„ОпенАИ“ откри разгранета мрежа за влијание што ги прикривала руските траги
