-->
-->
Во Црна Гора се очекува епидемија на сипаници, се препорачува вакцинација на децата
-->
Имајќи го предвид бројот на несоодветно заштитени деца, особено кај генерациите родени во 2021 и 2020 година, периодот од годината кој е поволен за респираторни инфекции, како и фактот дека првите случаи на болеста се веќе регистрирани во нашата непосредна околина, речиси е сигурно дека во Црна Гора ќе има повеќе масовни случаи на морбили, предупредува д-р Сенад Бегиќ, виш консултант за здравствени прашања на УНИЦЕФ во интервју за Побједа.
Тој посочува дека родителите на децата кои не се соодветно заштитени од сипаници, заушки и рубеола се уште имаат можност да го сторат тоа и ги упатува „без одлагање да се обратат до избраниот педијатар и да закажат термин за вакцинација.
Во опширното интервју за подгоричкиот дневен весник, тој вели дека УНИЦЕФ ја гледа имунизацијата од перспектива на правата на децата. Ова, рече тој, во основа имплицира дека УНИЦЕФ не препорачува спроведување на имунизации на кој било начин што би можело да дискриминира кое било дете или да му ускрати некое основно право, вклучително и многу важното право на образование.
„Препорачуваме родителите да ги добијат сите потребни информации за да ја разберат важноста на вакцините и да побараат вакцини кои се неопходни за нивните деца, како и да постапуваат во согласност со прописите за имунизација на патниците во меѓународниот сообраќај“, рече Бегиќ.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Преглед на вестите од светот
-
Движењето ЗНАМ ги објави кандидатите Максим Димитриевски за Куманово, Мирослав Лабудовиќ за Центар
-
Тема на денот со Јаким Неделков, претседател на СОНК
-
Седница на Комисијата за надзор на АНБ сепак ќе се одржи во среда
-
Кошта смета дека Македонија треба да добие гаранции за евроинтегративниот пат
-
Одложена Комисијата за надзор на АНБ
-
Левица објави 5 кандидати за скопските општини
-
Лекарска комора ќе прави вонреден стручен надзор по добивање на документацијата за 8-те сомнителни случаи