-->
-->
Во чистките во Турција отстранети уште 8.000 припадници на силите за безбедност
-->

Околу 8.000 припадници на силите за безбедност се отстранети од должноста во најновата чистка во Турција по неуспешниот обид за државен преврат во земјата.
Како што беше наведено во турскиот Службен весник, мерката се однесува на 7.669 полицајци и 323 жандарми, односно 7.992 лица.
Отстранетите припадници на силите за безбедност се обвиниети за врски со организаторите на пучот.
Пензионирани судии и обвинители ќе можат да се вратат на работа, доколку во следните два месеца поднесат барање, се наведува во Службен весник на Турција.
БТА потсетува, дека околу 3.300 судии беа разрешени по обидот за преврат на 15 јули.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

САД ги укинаа санкциите против Додик
-

Трамп ги отпушти сите членови на Комисијата за ликовни уметности, која планираше да ги преиспита неговите градежни проекти
-

Германија: Над 22.000 граѓани го промениле родовиот идентитет по олеснувањето на законската процедура
-

Путин: Русија тестираше подводен дрон способен да носи нуклеарно оружје
-

Доживотно суспендирани ирачите на Беса што го тепаа голманот на ФК Аеродром
-

Градоначалникот на Делчево првата плата ја донираше на највредниот комунален работник | ВИДЕО
-

Сиљановска-Давкова се обрати на Парискиот мировен форум: Евроинтеграцијата е дијалог, а не диктат
-

За два денари поскапува дизелот
