Во Центар Жупа правото на глас го остварија 29 болни и немоќни лица

Во општина Центар Жупа денеска, ден пред утрешното гласање за градоначалник, во домашни услови правото на глас го остварија 29 болни и немоќни лица.
-Гласаа сите 29 лица на кои им беше одобрено барањето. Да потсетам добивме 32 барања, но три беа одбиени, бидејќи лицата не беа запишани во единствениот избирачки список, изјави за МИА, Неџип Илјаз, претседател на Општинската изборна комисија.
Оценува дека денешното гласање и распределбата на изборниот материјал минале без никаков проблем.
– Утре во нашата општина ќе се гласа на 16 избирачки места, а правото на глас треба да го остварат 7.154 лица, или 77 гласачи повеќе од предвремените избори во април, додека пак споредено со редовните локални избори од октомври минатата година има 163 гласачи помалку. Како комисија ги презедовме сите потребни активности за еден нормален изборен процес, рече Илјаз.
На гласачкото ливче се наоѓа само еден кандидат, предложен од политичка партија.
Ново на Сител
-

Сообраќајка меѓу три возила на експресниот пат Кочани-Штип
-

Пленковиќ ги отфрла обвинувањата за кршење на Уставот
-

646 казни на првиот ден од „Безбеден град“
-

Милановиќ: Владата ја киднапира земјата и бескрупулозно предизвикува поделби, Пленковиќ е најодговорен
-

Во Краљево приведен Македонец осомничен за пет грабежи
-

Сиљановска-Давкова на Светскиот самит на лауреати: Во науката нема мали и големи држави, туку само мали и големи идеи
-

Судење за пожарот во „Пулс“: Пирoтехника се користела и претходно, имало и контроли, но забавата не била прекинувана
-

Се расчистува поголем одрон од карпа на патот Градско-Велес наспрема ХИВ
