Во Царината состанок со увозниците и производителите на акцизна стока

Во насока на продлабочување на соработката со производителите и увозниците на акцизни добра, односно тутунски добра и алкохолни пијалоци, Царинската управа организираше по втор пат работни состаноци, кои се одржаа на 25 септември 2015 година, во просториите на Царинската управа.
На состаноците присуствуваа околу 40 претставници на компании. Целта на овие средби, што се одржуваат најмалку еднаш на два месеци, е подобрување на соработката помеѓу бизнис заедницата и Царинската управа, запознавање со новините во акцизното работење, разгледување и надминување на отворените прашања, односно подобрување на акцизниот систем во целина.
На состаноците беа презентирани главните активности на Царинската управа во последниот период кои беа насочени кон зголемување на контролата на акцизните добра во малопродажба, истакнувајќи ги значителните резултати, односно од мај до сега се откриени неправилности во повеќе од 65 малопродажни објекти, кои се однесуваат во најголем дел на нелегална продажба на алкохол, со незанемарувачки резултати и кај тутунските добра. Контролите не се вршат само заради фискален ефект, туку уште повеќе заради заштита на компаниите кои работат легално, односно заради овозможување на легална конкуренција на пазарот, како и заради заштита на здравјето на потрошувачите. Царинската управа континуирано ќе продолжи со овие активности.
Како точка на дневен ред се разгледаа и измените на акцизното законодавство, како и континуираната работа на подготовка на ново акцизно законодавство во рамките на проект со царината на Австрија. Компаниите беа повикани да се вклучат активно со претставници кои би придонеле со своите коментари и предлози во изготвувањето на акцизното законодавство.
Покрај ова присутните изнесоа и свои предлози за подобрување на соработката помеѓу Царинската управа и компаниите кои произведуваат или увезуваат акцизни добра, како и поедноставување на процедурите во секојдневното работење.
Во взаемен интерес на бизнис заедницата и на Царинската управа е овие средби да прераснат во континуирана плодна соработка.
Ново на Сител
-

Иран и Оман ја усогласија рамката за отворање на Ормуската Теснина
-

Уапсени 15 лица поради безобѕирно управување моторно возило, пет од нив се малолетници
-

222 сообраќајни прекршоци од возачи на мотоцикли, 14 уапсени поради безобѕирно возење
-

Од паднатите дрвја од невремето ќе се создаде нов моторички парк за деца и млади на Водно
-

Ќе се спроведе стручен надзор за породувањето на Станка која остана неподвижна со вклучен експерт од соседството
-

Германец со дрон снимал караула на АРСМ во Радожда
-

Мицкоски: Македонските аеродроми се најбрзорастечки во регионот
-

Санација на детските игралишта и урбаната опрема низ Кисела Вода
