-->
-->
Во Бугарија почнува вакцинацијата на децата на возраст од 5 до 11 години против Ковид-19
-->
Од денеска во Бугарија почнува вакцинацијата на децата на возраст од 5 до 11 години против Ковид-19. Вакцинацијата ќе се извршува на 69 од пунктовите во државата, изјави главниот државен здравствен инспектор на Бугарија, Ангел Кунчев. Како што јави дописникот на МИА, не е потребна согласност од двајцата родители, доволно е присуството на еден од нив.
– Вакцината за деца содржи 3 грама помалку од главната супстанција. Но, нејзината ефикасност не е помала од онаа на вакцината за возрасни, напротив – таа е 91 отсто, изјави извршниот директор на бугарската агенција за лекови Богдан Кирилов.
Вакцинираните деца ќе добијат и зелен дигитален сертификат.
Бугарија во понеделникот прими 42.000 дози од детската вакцина на Фајзер, кои беа дистрибуирани во Софија, Пловдив и Велико Трново.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Пред пратениците на 58. седница предлог-законите од Реформската агенда
-
Мерц е за „брз и едноставен“ трговски договор со САД, Макрон за „избалансиран“
-
Второ пријавување за упис во средните училишта на 30 јуни, слободни над 16 000 места
-
Стан изгоре во пожар во Делчево
-
Заклучоци на Самитот на ЕУ: Иднината на Западниот Балкан е во Европската Унија
-
Кошта: Да изградиме заеднички европски одбранбен систем што ќе ја одвраќа секоја агресија
-
Муцунски: Нема да има промени на нашите позиции за уставните измени ни по локалните избори
-
Сончево и многу топло, до 40 степени