Балкан
12. April 2020 - 18:27

Во Бугарија од Ковид-19 заразени вкупно 675 лица, починати 29

Во Бугарија вкупниот број заразени лица со Ковид-19 изнесува 675, соопшти Националниот оперативен штаб.

Во текот на денешниот ден потврдени се шест нови случаи, од кои четири во Софија и два во Стара Загора, јави БГНЕС.

Под лекарски надзор во болнички услови се 275 пациенти, од кои 36 се на интензивна нега.

Од вкупниот број заразени, 377 се мажи и 298 жени.

Бројот на починати од Ковид-19 во Бугарија е 29 лица.