Во британскиот парламент почна расправа за Брегзит
Пратениците во британскиот парламент направија денеска клучен чекор кон излегување од Европската унија почнувајќи расправа за нацрт-законот со кој премиерката Тереза Меј ќе добие овластување да покрене процес на брегзит.
Расправата во двата дома ќе трае неколку недели.
Британскиот министер за брегзит Дејвид Дејвис го претстави денеска нацрт-законот во Долниот дом на парламентот со што почна првата расправа меѓу пратениците за давањето овластување на владата да го активира Членот 50 од Лисабонскиот договор на ЕУ.
– Ова не е нацрт-закон за тоа дали Британија би требало да ја напушти ЕУ туку како тоа да се направи. Само станува збор за примена на одлука што е веќе донесена, бидејќи нема веќе враќање, истакна Дејвис.
Неколку опозициски пратеници поднесоа амандмани со намера да оневозможат усвојуавње закон во прелиминарна фаза. Гласањето в среда со што нацрт законот би требало да премине во напредна фаза се смета за претежно процедурално.
Дејли телеграф објави дека баровите во парламентот ќе останат отворени цела ноќ.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Бојан Кордалов, комуниколог
-
Избори во Германија, 630 пратеници за новиот состав Буденстагот
-
При градежни работи пронајден човечки труп
-
Затвореници со секојдневен излез се обиделе да внесат дрога и пари во Идризово
-
Преговори за откуп на тутун
-
Нема доволно водичи кои говорат германски јазик
-
Гејминг центар што обединува: Деца од различни светови, иста игра
-
Преглед на вестите од светот