Свет
4. April 2017 - 11:36

Во Брисел почна конференција за помош на Сирија

Во Брисел се одржува дводневна конференција на која се разговара за хуманитарна помош за Сирија.

На неа се присутни претставници од повеќе од 70 држави и меѓународни организации.

- Наша морална обврска е да се ангажираме за луѓето во Сирија, изјави еврокомесарот за хуманитарна помош Христос Стилјанидис.

- Зголеменото страдање бара посилна акција,и заеднички одговор. Тоа е наша цел денес, како подобро да помогнеме и да ги надминеме предизвиците, додаде тој во обраќањето на отворањето на конференцијата.

Главна тема за дискусија е имплементација на помошта вредна 12 милијарди долари, договорена на средбата на донатори во Лондон во 2016 година.

- Нашата заедничка мисија е јасна - да се достави помош за луѓето на кои им е потребна во овие трагични услови, додаде еврокомесарот.