Во Брисел денеска продолжува дијалогот меѓу Белград и Приштина
Во Брисел денеска, со средбата на српскиот претседател Александар Вучиќ и косовскиот премиер Авдулах Хоти, продолжува дијалогот меѓу Белград и Приштина за нормализирање на односите, под покровителство на ЕУ,
Домаќин на состанокот е високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност Јозеп Борел и специјалниот претставник на ЕУ за дијалог Белград-Приштина, Мирослав Лајчак.
ЕУ соопшти дека на средбата ќе бидат разгледани прашања за малцинските заедници, меѓусебните побарувања и имотот, како дел од патот кон сеопфатен договор за нормализирање на односите меѓу Косово и Србија.
Вучиќ вчера пристигна од Вашингтон во Брисел, каде се состана со специјалниот пратеник на ЕУ за дијалог меѓу Белград и Приштина, Мирослав Лајчак и специјалниот пратеник на државниот секретар на САД за Западен Балкан, Метју Палмер.
Српскиот претседател најави дека на денешниот дијалог ќе се разговара за три клучни теми: исчезнатите лица, внатрешно раселените лица и економијата и најави дека една од темите ќе биде Здружението на српски општини.
Косовскиот премиер Хоти, пак, најави дека денеска со Вучиќ ќе разговара за конечниот договор за заемно признавање и нормализирање на односите меѓу Косово и Србија.
Косовскиот координатор за дијалог со Србија, Скендер Хисени, вчера по состанокот на експертските тимови од Белград и Приштина во Брисел, рече дека двете делегации забележливо ги доближиле своите ставови околу тоа што тој го нарече „елементи за еден сеопфатен договор за взаемно признавање“.
Ново на Сител
-

Во Хрватска се урна турски авион „Ер трактор“
-

Без победник на тестот на македонската репрезентација против Летонија
-

Проектот BRT ќе се имплементира кон средина на следната година
-

Ѓорѓиевски ги обзнани имињата на директорите на јавните претпријатија
-

Сијарто: Европските пари не треба да се користат за финансирање на корумпираната украинска воена мафија
-

Започна проектот за спас на велешко езеро „Младост“
-

Француската полиција ја ослободи жената приведена за грабежот во Лувр
-

Предлог-измените на Законот за ДДВ го поминаа првото читање пред матичната собраниска Комисија
