Во болниците во земјава се лекуваат седум пациенти од повредените во Кочани, во странство остануваат 64 пациенти
Во болниците во земјава во моментот се хоспитализирани вкупно седум пациенти од повредените лица во трагедијата во Кочани, од кои четири пациенти се хоспитализирани во Хируршка клиника „Св.Наум Охридски“, еден на Клиника за токсикологија и двајца во приватната болница Систина, соопшти Министерството за здравство (МЗ).
Во странски медицински центри остануваат хоспитализирани 64 пациенти.
За денеска во текот на денот се очекува четворица пациенти да се вратат од лекување од болницата Пирогов во Бугарија.
Од МЗ посочуваат дека во моментот се врши категоризација на пациентите според потребите за рехабилитација со цел обезбедување соодветен понатамошен третман на повредените лица.
Во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани што се случи на 16 март животот го загубија 61 лице, а близу 200 беа поврдени.
Ново на Сител
-
Македонија и Унгарија потпишаа договор за стратешка соработка
-
Претседателката: Не е проблем да разговарам со премиерот Жељасков
-
Правда финализираше пет закони од Реформската агеда
-
СЗДСМ - или современи помагала или лицата со дијабет ќе излезат на протест
-
Меџити: Забранивме 226 онлајн коцкарници – ова е директен удар врз криминалната мафија
-
Пуштен во употреба магистралниот пат Охрид-Свети Наум
-
Награди „Војдан Чернодрински“
-
Преглед на вестите од светот