Во Болницата во Кочани задржани се четворица пожарникари со полесни изгореници, осуммина се на Токсикологија во Скопје
На болничко лекување во моментов во кочанската Општа болница се наоѓаат четири лица повредени во пожарот во "Макпрогрес" што изби синоќа во Виница, информира за МИА в.д. директорката Катерина Паниќ Мирчовска.
-Четворицата се со полесни изгореници на долните екстремитети. Пожарникари се и нивната состојба е стабилна, рече таа.
Според Паниќ - Мирчовска врз повредени во пожарот во фабриката за кондиторски производи кои беа донесени во болницата, извршени се дополнителни дваесет интервенции, по што сите се пуштени дома.
-Најзагрозените веднаш се препратени на Клиниката за токсикологија во Клиничкиот центар во Скопје. Се работи за осум лица, нагласи в.д. директорката на Општата болница во Кочани, Катерина Паниќ Мирчовска.
Ниту еден од повредените во синоќашниот пожар во фабриката "Макпрогрес" кој бил примен во Болницатс во Кочани не се наѓа во животно-загрозувачка состојба.
Претходно, утрово од Кочанската болница за МИА изјавија дека вкупно 18 лица биле примени синоќа во болницата со повреди здобиени во пожарот во фабриката за кондиторски производи во Виница, од кои дел се задржани во Кочани, дел се препратени на клиниките во Скопје, но сите се во стабилна состојба.
Пожарот во фабриката за кандирани производи и вафли Макпрогрес во Виница избувна вчеравечер во 18,40 часот, во магацините и во производствените погони 6, 7 и 8, а во неговото гаснење покрај од ТППЕ на Виница беа вклучени и против пожарните единици од неколку соседни општини.
МИА
Ново на Сител
-
Две години затвор за Лидија Димова, треба да врати над 350.000 евра на Националната агенција за европски образовни програми
-
Трубарево и Дрисла под контрола - учениците во четирите училиште в понеделник се враќаат на настава
-
Политички реакции за фемицидот во Велес
-
Стартуваа обуките за јавната администрација - премиерот најави департизација на јавниот сектор
-
За сигурни пензии ќе мора да се зголеми старосната граница за пензионирање
-
Стан од 96 квадрати во Центар продаден за 260.000 евра, најмногу продажби во Аеродром
-
„Приказната за Силјан“ - македонски кандидат за Оскар
-
Преглед на вестите од светот