Во Богданци голем број предмети за легализација со некомплетна документација
Одделението за урбанизам во општина Богданци апелира граѓаните чии предмети за легализација на бесправно изградените објекти не се решени, да се обратат до Подрачното одделение на Агенцијата за катастар на недвижности во Гевгелија.
- Со измените на Законот за катастар на недвижности, надлежностите за спроведување на решенијата за легализација на бесправните градби е во наша надлежност, но практикувањето на постапката покажа дека огромен број предмети имаат пропусти во геодетските елаборати и комплетноста на документацијата поради што тие беа негативно решени од Агенцијата за катастар, информираат од Одделението за урбанизам.
Од општината посочија дека таа е само вршител на на услугата за електронско спроведување на решенијата за легализација, а не и надлежен орган кој ја оценува комплетноста и точноста на податоците дадени во предметот.
- Заради надминување на состојбата и заштеда на финансиски средства им препорачуваме на граѓаните со целиот предмет да одат на консултации во Агенцијата за катастар во Гевгелија и од службениците кои работат на оваа проблематика да добијат писмена потврда за недостатоците или комплетноста на предметот после што кај нас ќе продолжи техничката постапка за упис без ризик за одбивање на предметите и непотребно трошење на финансиски средства, истакнувааат од општина Богданци.
Ново на Сител
-
Алонсо по победата над Рома: Сè беше прилично јасно, навистина настапивме на високо ниво
-
Генералштаб на Украина: Руските сили ги интензивираа нападите кон Авдејево
-
Најстудено на Попова Шапка и во Лазарополе, најмногу дожд во Виница
-
100 санкционирани возачи во Скопје
-
Велипеток - најтешкиот ден во годината
-
Избори во САД 2024: Кои се мега-богатите донатори кои го поддржуваат Трамп?
-
Повеќе од 30 лица го загубија животот во поплави во Бразил, 60 лица се водат како исчезнати
-
Турција ги прекина трговските односи со Израел