Во близина на Кавадарци засадени над 6.000 садници
Во рамки на проектот за заштита на животната средина и одржливост, „Дрекслмајер“ во соработка со ЈП Македонски шуми, подружница Кавадарци, како и локалната самоуправа, организираше акација за пошумување, при што беа засадени над 6.000 садници.
– Заштитата на животната средина е инвестиција во иднината. Целата е да насадиме што повеќе дрвца сега, за да ги видиме резултатите по неколку години. Дрвата не ги садиме само за себе туку и за идните генерации, посочи Лукас Мирингер, генералниот директор на „Дрекслмајер“, Македонија.
Вработените во компанијата волонтерски учествуваа во пошумувањето, како и десетина средношколци кои се дел од дуалниот образовен модел на „Дрекслмајер“.
– Ја предложивме локацијата над Ваташкиот рид затоа што земјиштетот на овој терен е доста ерозивно. Со посадување на багремови садници ќе ја спречиме понатамошната ерозија и ќе го заштитиме ова подрачје, истакна раководителот на Подружницата за заштита на шумите, Петко Ристовски.
Ново на Сител
-
Нов инцидент во бриселски Андерлехт: Куќа изрешетана со куршуми
-
Велика Британија ќе ги заостри мерките против интернет продажбата на ножеви на деца
-
Република Кипар се соочува со проблеми во снабдувањето со електрична енергија
-
Институт за проучување на војна: Русија не е подготвена на никакви значајни отстапки во врска со Украина
-
Трамп сака да ги врати старите тушеви и светилки: Со новите не можам ни косата да ја измијам
-
Меџити: Се зборува дека Груби е во Албанија, Ахмети е во постојан контакт со него
-
814 сообраќајни прекршоци на територија на цела држава
-
Меџити: Химната може да биде само со музика без текст