Во близина на бугарско-турската граница убиен мигрант

Бугарската гранична полиција во местото Средеч, во близина на границата со Турција, пукала врз еден мигрант по што тој починал на пат кон болницата, соопшти утринава Министерството за внатрешни работи.
-Наша гранична патрола вчера наишла на група од 50 престапници, кои илегално влегле во земјата, изјави главниот секретар на Министерството за внатрешни работи, Геогри Костов, за националното радио БНР.
Според него, бегалците биле на возраст од 20 до 30 година, најверојатно Авганистанци.
При апсењето тие давале отпор, а еден од полицајците пукал во знак на предупредување.
Еден од мигрантите бил погоден со рикошет и тој подоцна починал од здобиените повреди.
Бугарскиот премиер, Бојко Борисов, кој вчера учествуваше на самитот на ЕУ за бегалци, веднаш по веста за инцидентот на границата ја напуштил средбата во Брисел.
Бугарија и Турција имаат заедничка граница во должина од 160 километри, а официјална Софија, со намера да го спречи приливот на бегалци од Сирија и Авганистан, го зголеми бројот на гранични полицајци, инсталира камери и сензори на границата и крена ограда.
Портпаролот на УНХЦР, Борис Чеширков, ја осуди употребата на огнено оружје против мигрантите и ги повика бугарските власти да спороведат транспарентна истрага за овој инцидент.
Ново на Сител
-

Сиљановска: Без гаранции не може од Македонија да се бараат нови уставни измени
-

Муцунски во Брисел на состанок со шефовите на дипломатите на земјите членки на НАТО
-

Повеќе од 200 компании се вмрежуваа на бизнис форумот Македонија-Србија
-

Сител сторија: Меѓународен ден на лица со попреченост - Предизвици на децата и родителите
-

Претпладне Скопје беше најзагаден град во Европа - Се зголемува бројот на пациенти со здравствени проблеми
-

Годишна конференција на МАСИТ
-

Македонско српски бизнис форум во Скопје
-

Револт, тактизирање, мала динамика на откуп и празни ваги - почетокот на откупот на тутунот започнува тензично
