Во Битола се реализира проект за анализа на почвата во Пелагонија
Биотехничкиот факултет од Битола ја почна втората фаза од реализацијата на проектот „Тера-Мед“, финансиран од програмата ИПА за прекугранична соработка меѓу Република Македонија и Република Грција.
Проектот почна минатата есен, а ќе заврши во јануари 2017 година до кога треба да заврши анализата на почвата во Пелагонија со посебен акцент на земјата околу РЕК Битола, информира Биотехничкиот факултет, кој работи во рамки на Универзитетот „Св.Климент Охридски“ од Битола.
- Експерти од двете држави ќе вршат испитувања за присуството на тешки елементи во почвата и во зависност од резултатите ќе се креира план за рехабилитација на почвата со што би се придонело за креирање на здрава животна средина. Со проектот „Тера-Мед“ предмет на анализа е почвата во пелагонискиот регион, конкретно почвата во близина на РЕК Битола. Вредноста на проектот изнесува 169.875 евра. Од нив, 85 проценти ги обезбеди ЕУ, а остатокот од средствата се на Министерството за локална самоуправа, изјави Мила Арапческа, професорка на Биотехничкиот факултет во Битола.
Проектот „Тера –Мед“ се реализира во партнерство со професори од Унивезитетот „Аристотел“ од Солун кои се во постојана комуникација и соработка со професорите од Македонија. Тие на околу 200 примероци почва ќе испитуваат 20 тешки елементи врз основа на кои ќе се врши проценката на загаденоста на почвата. Ќе се испитуваат и мовта и прашината со што ќе се проценува и квалитетот на воздухот.
- Нашата заедничка цел е да се изврши анализа на почвата, да се утврди степенот на контаминација од тешки метали и врз основа на добиените резултати да се преземат соодветни мерки за рехабилитација на почвата, но и подобрување на животната средина. Реализацијата на проектот ќе овозможи формирање на една голема дата база на податоци за почвата во пелагониско за што ќе бидат направени бројни хемиско-микробиолошки испитувања во кои ќе бидат вклучени експертски консултански компании, нагласи Иван Конгуловски, проектен координатор.
Проектот „Тера-Мед“ е со широк опфат и овозможува зајакнување на соработката меѓу двете држави и институциите учесници чија цел е со својата стручност да придонесат за намалување на контаминацијата на почвата, подобрување на човековото здравје и намалување на негативното влијание врз биодиверзитетот.
Ново на Сител
-
Белата куќа: Трамп целосно ја поддржува офанзивата на Израел во Газа
-
Сообраќајот се одвива по претежно суви коловози освен на осојничавите места
-
Зеленски: Путин се преправа дека сака мир, со поставување непотребни барања само ја продолжува војната
-
Мајнл-Рајзингер - Муцунски: Австрија стои до Северна Македонија во вонредни ситуации и на патот кон ЕУ
-
Почувствуван земјотрес со епицентар во Струмица
-
Одземени возила што биле користени во „диви“ трки во Скопје
-
МЗ: Ги следиме потребите на населението во Кочани, на терен зајакнати медицински тимови
-
Пронајдени околу 10.000 парчиња пиротехника на Бит Пазар, лишено од слобода едно лице