Во Битола работилница за изработка на регионална стратегија за иновации
Центарот за развој на пелагонискиот плански регион денеска во Битола одржа работилница за изработка на регионална стратегија за иновации.
Аница Палацо, проектен советник истакна дека работилницата е дел од проектот „Одржлив и инклузивен регионален економски развој во Македонија, спроведуван од страна на ГИЗ (Германско друштво за меѓународна соработка), а со цел подготовка на регионални стратегии за иновации во планските региони.
-Треба да се движиме кон новите трендови и постојано да изнаоѓаме модели кои ќе придонесат за подинамичен развој на приватниот сектор. Во пелагонискиот регион вклучени се сите релевантни фактори, а по завршувањето на работилниците ГИЗ ќе поддржи изработка на документ и пилот проект за развивање на овој проект посочи Палацо.
Изработката на регионалните стратегии за иновации има за цел стимулација на иновациите, претприемништвото и подобра искористеност на иновативниот потенцијал на регионите преку зајакнување на соработката помеѓу истражувачките центри и бизнис заедницата со фокус на развојот на малите и средни претпријатија.
- Овој процес е поддржан од Министерството за локална самоуправа а ги вклучува претставниците од приватниот сектор стопански комори, кластери, бизнис асоцијаци, истражувачки и образовни институции, како и граѓанскиот сектор за што се користи европски модел за стимулирање на иновациски политики, истакна Владимир Величковски, претставник на ЦРППР-Битола.
Ново на Сител
-
Се запали казино во Охрид | ВИДЕО
-
Мицкоски: Скандалозно е вицепремиер да бара од компании да гласаат за СДСМ бидејќи добиле државна помош
-
Кошаркарот од Ѓорче кој ветува промени | Владо Мисајловски | Неформално | Sitel Podcast 033
-
Се дистрибуира доверливиот избирачки материјал од битолската печатница до општинските изборни комисии
-
Ограбена спортска обложувалница на Бит Пазар
-
Повеќе од 30 украински медиумски работници се наоѓаат во руско заробеништво
-
Приведени две лица во Куманово - еден за употреба, друг за продавање дрога
-
Сопружници завршиле во притвор поради меѓусебна пресметка