Во Битола промовиран ДВД-материјал со знаковен јазик

НУ Универзитетска библиотека „Св.Климент Охридски“-Битола денеска приреди промоција на 3 ДВД-а чија содржина се интерперетира и со знаковен јазик и ќе им бидат на располагање на лицата со оштетен говор, слух и вид.
Проектот „Секој има право да го разберат“ е поддржан од Министерството за култура и освен развој на библиотечната дејност овозможува и директна помош и поддршка на лицата со оштетен говор, слух и вид, истакна Науме Ѓоргиевски, директор на НУ Универзитетска библиотека „Св.Климент Охридски“-Битола.
- Во рамките на овој проект обработени се повеќе раскази во ДВД формат чија содржина се раскажува и со знаковен јазик. На овој начин направивме мал чекор но голем напредок кон социјална интеграција и еднакви можности на лицата со оштетен слух, говор и вид. Во трите ДВД-а поместени се раскази од македонски и писатели од странство, како и познатите цртани приказни за деца „Мачорот во чизми“, „Пепелашка“ и „Црвенкапа“, посочи Ѓоргиевски.
Во проектот на НУ Универзитетска библиотека „Св.Климент Охридски“-Битола беа вклучени и децата од ЈУ детска градинка „Естреја Овадија Мара“, клон „Пролет“, беше потврдено на денешниот промотивен настан во овој град.
Ново на Сител
-

Пронајдена марихуана при претрес во дом во Гостивар
-

Зголемена фреквенција на возила и поголем застој за влез во државата на граничните премини со Грција
-

Сончево и топло и следната седмица, поизразена локална нестабилност во среда и четврток
-

Пронајдена исчезнатата Бугарка на Шар Планина
-

Затвореник од Идризово загина откако се качил на бандера и фатил жица под напон
-

Запален автомобил кај Мавровка
-

Ангелов: Најкомплексен е пожарот кон НП „Пелистер“, нема повредени пожарникари
-

Македонскиот кугларски репрезентативец Стоклас постави Гинисов рекорд
