Во Битола проекција на етнокореолошки филмови од 1967 година
НУ Центар за култура-Битола во рамките на придружните манифестации на фестивалот „Илинденски денови“, денеска приреди промоција и проекција на ретки етнокореолошки филмови снимени во периодот 1967-1973 година од американскиот фолклорист Роберт Хенри Либман.
Станува збор за етнокореолошкиот филм снимен во селото Гари на 28 август 1967 година каде група локални жители на собор ги играат ората „Лесното“ и „Тешкото“, но и друг редок материјал кој е дел од архивата на Стојанче Костов етнокореолог, асистент истражувач за народни ора во Институтот за фолклор „Марко Цепенков“-Скопје.
- Видео записите ги обезбедив од американскиот истражувач Роберт Хенри Либман кој престојувал во Македонија. Во неколкуте етнокореолошки филмови како редок видео запис и кој го нема во македонските архиви може да се погледне изведба на ората „Лесното“ и „Тешкото“ во селото Гари пред една семејна куќа каде посебно во орото „Тешкото“ се вклучува и една жена. Спецификата на етнокореолошките филмови е што во нив се емитува само снимен материјал од народни игри, ора и ретки или традиционални музички инструменти, појасни Костов.
Публиката во Битола, освен етнокореолошкиот видео запис од селото Гари, погледна и куси филмови од настап во Загреб во 1972 година на групата „Русалии“ од селото Петрово-Гевгелија, настап на фолклорната група „Русалии“ од Богданци на Балканскиот фестивал во Охрид во 1972 година и други ретки материјали.
Ново на Сител
-
Митинг на ВМРО ДПМНЕ во Ѓорче Петров
-
Митинг на СДСМ во Велес
-
Тема на денот со Љузим Фаризи, политички аналитичар
-
Поднесено обвинение против петмина турски државјани за убиството во кафе бар во Штип
-
СДСМ продолжува со активностите на терен
-
Монтажен паркинг на Матка, промена на фасади во Карпош, кандидатите на ВМРО-ДПМНЕ и денеска на терен
-
Избори 2025 - Активности на ДУИ и на ВЛЕН
-
Активности на кандидати за градоналачници