Во Битола почна изградба на нова трибина на стадионот „Под Тумбе кафе“
Општина Битола почна со реализација на проектот за изградба на северната трибина на стадионот под Тумбе кафе и реконструкција на јужната трибина.
Со проектот, вреден над пет милиони евра, Битола треба да добие стадион изграден според најсовремени европски стандарди со сите потребни инфраструктурни услови за меѓународни натпревари.
- Проектот ќе биде реализиран за помалку од две години. Работиме во ентериерот, се ослободуваат дел од просториите кои што ги имавме на северната трибина на стадионот под Тумбе кафе, а кога тие активности ќе бидат завршени започнува рушење на северната трибина, со што започнува реализацијата на долгонајавуваниот проект за стадион под Тумбе кафе. Во оваа фаза работиме на северната трибина, а истата ќе ја работи ГП Гранит, кој веќе ги започна активностите според својот динамичен план. Ова е историски момент затоа што Битола ќе го добие она што со децении го немаше, а го заслужува, изјави градоначалникот на општина Битола, Владимир Талески.
Паралелно со рушењето на северната трибина, додаде Талески, деновиве е потпишан договор за реконструкција на спортската сала „Младост“.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Д-Р Дејан Докиќ, специјалист пулмоалерголог од клиниката за пулмологија и алергологија
-
10 жртви во пожарите во Лос Анџелес
-
Пет интерпелации на денешната собраниска седница
-
Тошковски: Повторно го повикувам Груби доброволно да се врати во Македонија и да ја докаже својата невиност
-
Избришано видеото со Ахмети во униформа на УЧК
-
Министерството го вклучи алармот за загадениот воздух
-
СДСМ: Власта да не го игнорира загадувањето
-
Грипот и респираторниот синцицијален вирус ја наполнија клиниката “Козле” со болни деца