Во Битола почна ИФФК „Браќа Манаки“
Со доделување на посебни фестивалски награди и признанија „Златна камера 300“, синоќа во Битола почна Интернационален фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“.
- Благодарам Битола, благодарам Македонија, рече светски познатата италијанска актерка Клаудија Кардинале, на синоќешното отворање на ИФФК „Браќа Манаки“.
Специјалната „Златна камера 300“ за особен придонес во светската филмска уметност и’ ја врачи министерот за култура, Асаф Адеми, а таа во кусо обраќање од фестивалската сцена наградата ја нарече прекрасна и се заблагодари на Фестивалот што и’ ја додели.
Публиката во Центарот за култура, со стоечки аплаузи, освен Кардинале, ги поздрави и кинематограферот Роџер Дикинс и македонската актерка Милица Стојанова, исто така годинашни лауреати на Фестивалот во овој град.
На свеченото отворање на големиот културен настан и собир на кинематограферите од светот, директорката на ИФФК „Браќа Манаки“ Гена Теодосиевска истакна дека оваа година на филмското платно ќе има деведесет и пет наслови во 14 програми. Градоначалничката на Битола Наташа Петровска, пак посочи дека Фестивалот е значаен за битолчани, но и за целиот свет затоа што потврдува како може да му се пркоси на времето и потврдува дека и четвртата димензија има релативитет.
ИФФК „Браќа Манаки“ продолжува со претпладневна прес конференција за светската и македонска премиера на краткиот филм „Љубовникот“ во режија на Игор Иванов – Изи, и разговор со Клаудија Кардинале кој ќе се одржи во малата сала на НУ Центар за култура во Битола.
Ново на Сител
-
Москва го прошири списокот на претставници од ЕУ на кои им е забранет влез во Русија како одговор на новите санкции
-
Путин и Лукашенко ја осудија политиката на НАТО и ЕУ
-
Зеленски: Русија го одолговлекува процесот за прекин на огнот
-
Путин: Ние сме за примирје, но прво треба да се одговори на многу прашања
-
„Д Фестивал“ годинава ќе се одржи во Штип
-
Шумската полиција фати голема група дрвокрадци во штипско
-
ЈКП Гази Баба пријави загадување на водата во Булачани
-
Уапсен 37 годишен скопјанец, физички ја нападнал поранешната партнерка и нејзините три ќерки