Во Битола почина новинарот Никола Талевски
Утрово во Битола, на 81 – годишна возраст почина доајенот на битолското и македонско новинарство Никола Талевски.
Талевски во професионалната кариера работеше како новинар дописник на Македонската телевизија, а по пензионирањето го основа битолскиот „Инфо магазин“.
М-р Никола Талевски соработуваше со повеќе медиумски редакции, со „Остен“, „Радио Битола“, МИА, Радио Белград…пишуваше хуморески, афоризми и сатирични текстови, а објавил пет книги, односно „ Шегалџилница“, „И не мисли на грев“, „Еротски кажувања“, „Перење на мозокот“ и „Ветрокази“, а објавил и повеќе библиографски единици. Талевски од 1987 година беше член на Македонско научно друштво-Битола.
Погребот на Никола Талевски ќе се изврши утре напладне на Буковските гробишта во Битола.
Ново на Сител
-
Почнаа разговорите за коалиција
-
Убедливо водство на Силјановска
-
Тема на денот со Љупчо Петковски, политиколог
-
Светските медиуми известуваа за изборите во Македонија
-
Бизнисот очекува политичка промена и исполнување на ветеното
-
ГРОМ призна пораз, ЗНАМ сметаат дека се родила третата опција, Левица очекува повеќе гласови на 8ми мај
-
Преглед на вестите од светот
-
Убедливо водство на Силјановска