Во Битола одбележан Денот на македонската револуционерна борба
Општина Битола, Сојуз на борци-Битола, претставници на национални и локални институции во Битола го одбележаа 23 Октомври – Денот на македонската револуцонерна борба.
Пред споменикот на револуционерот Даме Груев во Битола, свежо цвеќе положија пратеничката Силвана Ангелевска, заменик градоначалникот Бојан Бојкоски, претставници на Советот на општина Битола, Сојузот на борци, како и претставници на политички партии, организации и граѓани.
– Поклон до земја за основачите, за револуционерите кои во 1893 година во Солун ја основале Македонската револуционерна организација со цел ослободување на македонскиот народ од империјализмот и превласта на околните сили и остварување на неговите основни права на самостојност и идентитет, истакна Бојан Бојкоски, заменик градоначалник на Општина Битола.
Историската борба на македонските револуционери, продолжува да биде наш пример и обврска во денешнината, за гордо и истрајно чекорење напред, кон храбро надминување на предизвиците и создавање подобра иднина за генерациите кои доаѓаат, додаде Бојкоски.
Ново на Сител
-
Вардар во Велес излеан на кејот, а во Градсиот парк поплавени дрвјата покрај брегот
-
Судењето за убиството на Вања и Панче продолжува на 4 април
-
Влада: Проблемот на работниците мора да се реши системски
-
Лагард: Американските царини ќе имаат негативно влијание врз целиот свет
-
Кремљ соопшти дека во оваа фаза не е планирана средба меѓу Трамп и Путин во Саудиска Арабија
-
Државна матура ќе се полага во училиштата кои имаат просторни услови, за сите други тестирањето ќе биде на факултетите
-
Тројца пациенти денеска се враќаат од Шведска и Грција
-
Роднина со пиштол под закана го држел во заложништво барајќи да го вработи и да му препише возило