Во Битола летово квалитетот на воздухот во рамки на границите, нови мерења на зима
Општина Битола и фирмата „Еуро Мак Контрол“ - Скопје денес во локалната самоуправа презентираа резултати од извршениот мониторинг врз ПМ-10 честичките и содржината на ПМ-10 честичките во амбиенталниот воздух во овој град.
Испитувањето на квалитетот на воздухот е реализирано во период од 14 до 28 јули оваа година, со специјални мерни инструменти поставени на плоштадот „Магнолија“ во зградата на рускиот конзулат, а резултатите проверени во лабараторијата на „Еуро Мак Контрол“-Скопје која работи со акредитирани методи и во лабараторијата „ЦЕТИ“ од Подгорица, Црна Гора, истакна Сузана Темелковска, управител на „Еуро Мак Контрол“-Скопје.
- Резултатите што ги добивме од двете лабаратории докажуваат дека не се надминати граничните вредности, и во овој случај важи уредбата што е на сила во Република Македонија. По реализираното мерење во летниот период, мерење ќе се врши и во зимски период со цел да се воочи како се движат концентрациите на тешки метали и очекуваме заради зимското греење различни податоци, истакна Темелковска.
На денешната средба со новинарите во Битола градоначалникот Владимир Талески посочи дека општината изборот на акредитирана фирма овозможил да се добијат реални податоци за содржината на ПМ-10 честичките и дали има отстапувања.
- Во овој момент се е во границите на дозволеното и нема препораки за дополнителни мерки за заштита на воздухот. Климатските промени влијаат врз квалитетот на воздухот, зимското греење веројатно ќе покаже поинакви резултати, а ако има надминување на максимално дозволеното загадување на воздухот, општината ќе преземе и други активности. Во меѓувреме ние ги зголемуваме зелените површини, асфалтираме улици, а во соработка со Владата и ЕЛЕМ работиме на проектот топлификација на Битола, нагласи Талески.
Ново на Сител
-
Уапсен руски милијардер поради серија убиства
-
Судијката Диана Груевска Илиевска ќе го води судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани
-
Најверојатно е Македонец загинатиот во експлозија во стан во Белград, подготвувал бомба за ликвидација на дилер на дрога
-
Поднесено обвинение против лице за демнење на неговата поранешна сопруга
-
Трамп со ултиматум до Хамас: Имате рок до недела во 18 часот или пеколот ќе се урне врз вас
-
Маж во Ѓорче Петров ја тепал и давел својата партнерка која од повредите изгубила свест
-
Пет држави, еден тим: Кога продажбата не знае за граници, различностите создаваат резултати
-
Апел за донации за лекувањето на студентот Спасение Анчески во Загреб