Во Битола формирано ново Бугарско здружение „Балкански мост“
По затворањето на Бугарскиот културно информативен центар „Ванчо Михајлов“, последните денови пред истекот на Старата година, во Битола беше промовирано Здружението „Балкански мост“.
Ова здружение кое нема ниту простории, ниту седиште, деновиве го сврти вниманието на битолската јавност со скромни донации.
Тие донираа новогодишни пакетчиња за Домот за доенчиња и мали деца во Битола, купени наводно со финаниска помош на Фондацијата на бугарскиот стопанственик Милен Врабевски и Фондацијата „Бугарска памет“.
Инаку, според некои информации во фокусот на активностите на ова ново Здружение, наводно ќе бидат културата, образованието и традицијата.
Во минатата година, ова Здружение во јавноста излезе со настан од проектот „Стоп за семејно насилство“ инициран од сопругата на бугарскиот амбасадор во Македонија Билјана Ангелова.
Новото Здружение „Балкански мост“ објави на нивната официјална Фејсбук страница дека во организација на Министерството за образование и наука, заедно со Амбасадата на Република Бугарија и генералниот Конзулат во Битола, организираше информативна презентација на сите оние заинтересирани кои сакаа своето високо образование да го продолжат во градовите Пловдив, Благоевград, Варна, Софија и Стара Загора во Бугарија.
Неофицијално, претседател на ова ново Здружение „Балкански мост“ е Љупчо Јошевски вработен во РЕК „Битола“ каде што работи и претседателот на Бугарскиот културен центар „Ванчо Михајлов“ Љупчо Георгиевски.
Новото Здружение „Балкански мост“ пред Новата година имаше скромни донации и во Струмица и Струга.
Ново на Сител
-
Во Радовиш приведени две лица сторители на 14 тешки кражби
-
Во Битола затекнати 23, а во Охрид шест малолетници после 24:00 часот
-
66-годишник во инвалидска количка повреден од автобус на улица во Струга
-
60-годишник со возило „Форд“ излетал надвор од патот, возачот починал на местото на настанот
-
Приведен 36-годишник од Крива Паланка, управувал возило со 1,58 промили алкохол во крвта
-
Двајца загинати и 31 повреден во судар на автобус и автомобил на автопат во Хрватска
-
Британската полиција уапси осум мажи осомничени за терористички активности
-
Мицкоски најави нова милионска инвестиција со повеќе од 200 вработени