Во биографијата на Државниот секретар во „правда“ - 2001 - Член на генералниот штаб на ОНА
Во официјалната биографија на државниот секретар на Министерството на правда Зулфи Адили, кој е поранешен пратеник на ДУИ, а потоа и на Унитети, меѓу другото стои податокот дека бил член на генералниот штаб на паравоената ОНА, која го иницираше конфликтот во земјава во 2001 година, пишува „Независен весник“.
Во биографијата стои и дека Адили е еден од основачите на здружението на ветерани на ОНА, како и дека во 2002 година бил активен во координативниот совет на ОНА со политичките партии ПДП, ДПА и НДП.
Досега не беше практика државни функционери, главно од редовите на ДУИ, но и од други партии од албанскиот блок, во своите службени биографија да наведуваат податоци за тоа дека членувале во паравоената ОНА. Тој податок го нема ниту во биографијата на Адили додека беше пратеник во претходниот собраниски состав.
Адили е именуван за државен секретар како функционер на партијата Унитети, која ја основаше со Гзим Острени, а која на изборите беше во коалицијата Алијанса за Албанците, предводена од Зијадин Села. Инаку, државните секретари во министерствата ги именува Владата и нивниот мандат трае колку и мандатот на владиниот кабинет.
Ново на Сител
-
Компаниите од штипската тир зона не се заинтерсирани за вклучување во дуалното образование
-
Дел од еколозите против издавањето на езерото под концесија
-
Преглед на вестите од светот
-
Пронајден телефон кај осомничениот за сообраќајката, контрола во затворот и најава за дисциплинска постапка
-
Тема на денот со Мариуш Бримора, амбасадор на Полска
-
Со повисоки казни до поголема безбедност во сообраќајот
-
ВМРО-ДПМНЕ бара ревизија судски пресуди
-
Три обвинителства немаат обвинители – Само една третина од службеничките места се пополнети