Во БиХ усвоена одлука за легализација на канабисот за медицински цели

Советот на министри на Босна и Херцеговина денеска ја усвои одлуката за легализација на канабисот во медицински цели, објави на Фејсбук пратеникот од Социјалдемократската партија (СДП) во Парламентот на БиХ, Саша Магазиновиќ.
– Направен е најважниот чекор, но не е завршена работата. Сега следи борба за деталите, бидејќи ѓаволот е стално во нив. Сепак, од денеска ќе биде многу полесно, посочи Магазиновиќ.
Тој му се заблагодари на студентот на Академијата за драмски уметности во Сараево, Ирафан Рибиќ, кој тврди дека со масло од канабис се излекувал од мултипла склероза.
Магазиновиќ се заблагодари и на министерката за цивилни работи на БиХ, Дубравка Бошњак, „која изнајде начин за надминување на институционалните блокади и ја упати предлог-одлуката на усвојување“.
Со усвојување на одлуката се отвора патот за регулирање на употребата на канабис за медицински цели, што би можело да овозможи легална и контролирана терапија за пациентите во БиХ, која досега беше достапна само преку црниот пазар или во странство.
МИА
Ново на Сител
-

Галатасарај се подготвува за трансфер од Премиер лигата
-

ЦУК: Состојба по обилните дождови заклучно со синоќа во 21 часот, излевања на реки, поплави, одрони
-

Мицкоски во посета на Општина Гевгелија
-

Врнежи од снег на повеќе места, забрана за камиони на патот Струга- ГП „Ќафасан“
-

Дожд и снег на повисоките места, температурата од - 2 до 10 степени преку ден
-

ЦУК: Граѓаните да не патуваат кон тетовско Бањиче поради свлечиште
-

Трамп: „Секогаш ќе бидеме тука за НАТО, дури и ако тие нема да бидат тука за нас“
-

Вучиќ најави вонредни избори во октомври, ноември или декември
