Во Берово утрово најстудено, -4 степени

Утрово е најстудено во Берово, -4 степени, а максимални 3 степени се измерени во Скопје–Зајчев Рид и Претор.
Според Управата за хидрометеоролошки работи, -1 степен е измерен во Крива Паланка, Крушево и Маврови Анови, 0 во Струмица, Демир Капија и Штип, 1 во Скопје-Петровец, Кавадарци, Тетово и Куманово, како и 2 степена во Битола, Гевгелија, Велес, Прилеп и Виница.
Најмногу дожд во изминатите 24 часа наврна во Крива Паланка и Маврови Анови, 4 литри на метар квадратен, 3 во Штип и Виница, 2 во Крушево, 1 во Скопје–Зајчев Рид, Кавадарци, Велес, Берово и Попова Шапка.
Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен, наместа во западните делови повремено засилен ветер од јужен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 8 до 15 степени.
Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од јужен правец. Максималната температура ќе достигне до 13 степени.
МИА
Ново на Сител
-

Почна чистењето на водоводот во Гостивар
-

Преглед на вестите од светот
-

Тема на денот со Сотир Лукровски, градоначалник на Карпош
-

„Астровирус“ и „шигела“ во дел од примероците на гостиварци
-

Има ли надеж гостиварци да добијат барем техничка вода
-

Водата во Валандово е безбедна, покажаа новите анализи
-

Филипче бара оставки, водата за пиење не била исправна и во болницата во Лешок
-

Граѓаните пријавуваат штети по ураганот во Скопје: Зошто покривите летаа како пердуви?
