-->
-->
Во Берово утре ќе се прска против комарци
-->
Во Берово утре ќе се спроведе првата фаза од теристичката дезинсекција против комарци. Третирањето ќе се врши со соодветна апаратура поставена на специјално возило, а ќе се применува соодветен препарат за прскање против комарци.
Со оглед на тоа дека активностите ќе се изведуваат во ноќните часови, од Општина Берово го известувааат населението, за време на прскањето да не излегува од своите домови и да ги затвори своите прозорци.
-Со дезинсекцијата ќе бидат опфатени зелените површини во Општината, подрачјата по течението на реки и водотеци, подрачјата околу каналниот систем на територијата на Општина Берово, локалитети со застојни водени површини, урбани населби и локалитети предвидени во планот и програмата. Прскањето ќе го спроведат екипи на фирмата Зотокс дооел – Скопје, на 21 јуни годинава, петок наспроти сабота, од 22:30 до 02:00 часот по полноќ, известуваат од Општина Берово.
Во случај на појава на неповолни временски услови од типот на ветар и дожд, како што дополнија, дезинсекцијата се одложува за следниот поволен ден.
Прскањето против комарци во Берово се реализира согласно Законот за заштита на населението од заразни болести и препораките на Министерството за здравство, а врз основа на општа противепидемиска мерка, претходно усвоена со одлука на Советот на Општина Берово.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Предизборен карван на ВМРО-ДПМНЕ во Сопиште, Шуто Оризари, Бутел и Карпош
-
Предизборен карван на СДСМ во Долнени, Кривогаштани и Прилеп
-
Касами со ветувања за нови училишта, Османи за инфраструктура
-
Приведена сопругата на д-р Шаини, напаѓачот е во бегство
-
Тема на денот со Армен Григорјан, постојан претставник на УНДП
-
Д-р Шаини е пуштен на домашно лекување, ДУИ обвинува случајот е обид за атентат
-
Максимални три години затвор за тројцата обвинети за Вардариште
-
Претставници на „Стоп Вардариште“ на средба со институциите во МВР