-->
-->
Во Берово се изготвува стратегија за подобрување на енергетската ефикасност
-->
Општина Берово го потпиша Договорот за изработка на тригодишна програма за енергетска ефикасност 2019-2021. Како што информираат општинските власти, за изготвувањето на програмата е задолжено здружението МАЦЕФ – Центар за енергетска ефикасност на Македонија кое е избрано како најповолен понудувач за истражувањето за подобрување на енергетската ефикасност кое во наредниот период ќе биде спроведено на терен.
-Програмата за енергетска ефикасност вклучува приказ и оценка на состојбите и потребите за енергија, цели за заштеда на енергијата на локално ниво, мерки за подобрување и унапредување на енергетската ефикасност, предлог мерки за избор, метод за следење и верификација на остварените заштеди на енергија, вклучувајќи ги сите објекти во сопственост и под ингеренции на Општина Берово и потрошната енергија во нив, информираат од општината.
Додаваат дека програмата ќе понуди начини за заштита на животната средина и намалување на загадувањето во воздухот и употреба на обновливи извори на енергија.
Средствата во износ од 252.000 денари за изработка на тригодишната програма за енергетска ефикасност се во целост обезбедени од Буџетот на општина Берово за 2018 година.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Почна со работа Работната група за воспоставување на Регистар за недвижниот имот на државата
-
Кривична за автомеханичар од Охрид: Вадел исправни делови од автомобили и ги продавал
-
Австрискиот европратеник Томас Вајц нов известувач на ЕП за Северна Македонија
-
Главниот државен обвинител на Украина поднесе оставка по голем скандал во армијата
-
Најмалку 31 загинат при напад на суданската армија врз џамија
-
По апсењето на Мета, средба на Ненси Ван Хорн и министерот Хоџа
-
Претседателката на ЕК Урсула фон дер Лајен в четврток во Скопје
-
Битолчанец пронашол 10 рачни бомби при чистење на стан