-->
-->
Во Берово прскање против комарци
-->
Во Берово вечерва во периодот од 23 часот до 1 часот по полноќ, ќе се врши земјено прскање против комарци.
Како што информираат од Општина Берово, прскањето ќе го вршат екипи од Центарот за јавно здравје од Скопје, согласно Законот за заштита на населението од заразни болести и препораките од Минситерството за задравство.
Со ова прскање ќе се спроведе првата фаза од терестичката дезинсекција со цел уништување на комарците. Третирањето ќе се врши со соодветна апаратура потставена на специјално возило, а ќе се применува препарат AQUA K-OTHRINE со активна супстанца DELTAMETRIN.
Со дезинсекцијата ќе бидат опфатени зелените површини во општината, подрачјата по течението на реки и водотеци, подрачјата околу каналниот систем на територијата на Општина Берово, локалитети со застојни водени површини, урбани населби и локалитети предвидени во планот и програмата.
Од Општината потенцираат дека доколку има неповолни временски услови дезинсекцијата ќе се одложи за следниот поволен ден.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Одбележан 8 ми Септември - Ден на независноста на Македонија
-
Партиите со честитки за Денот на независноста
-
Владата не верува дека линиите на Филипче може да бидат црвени
-
Голема НАТО вежба во Бугарија
-
34 години независна Македонија
-
Сиљановска: Нема услов кој Македонија не го исполнила
-
НАТО вежба во Бугарија
-
Во Струмица вечерва започнува 33-то издание на Фестивалот на камерен театар ,,Ристо Шишков“