Во Берово измерени - 6 степени, во Дојран четири степени
Најстудено утрово беше во Берово каде беа измерени - 6 степени, во Маврови Анови, Битола, и Демир Капија - 3, во Скопје-Петровец, Штип, Крива Паланка, Прилеп и Струмица - 2, во Охрид, Велес и Попова Шапка - 1, во Гевгелија, Кавадарци и Претор 0, во Тетово, Виница и Скопје-Зајчев Рид еден, во Крушево два и во Дојран четири степени.
Најмногу снег има на Попова Шапка и тоа само седум сантиметри.
Во текот на ноќта од север се прошири променливо наоблачување. Утринава има мала до умерена облачност претежно во североисточните делови од земјата.
Времето денеска во северните и источните делови ќе има зголемена облачност, а во останатите делови ќе преовладува сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува претежно северен ветер кој од пладневните часови наместа долж Повардарието ќе засилува.
Максималната температура ќе биде во интервал од 10 до 19 степени.
Во Скопје претпладне ќе има зголемена облачност, а потоа облачноста ќе се намалува. Ќе дува слаб до умерен северен ветер. Максималната температура ќе достигне 16 степени.
Ново на Сител
-
Поништен изборот за судија во Стразбур, Владата формираше нова комисија
-
Тема на денот со Сузана Јошевска Анастасовска, адвокат
-
Приведено лице поради обид за подметнување пожар кај брана Водоча, обвинителството бара притвор
-
Владата бара нови кандидати за ЕСЧП
-
Собранието му изгласа недоверба на обвинителот Коцевски
-
Собранието ја констатираше оставката на претседателката на Антикорупциска
-
Чешкиот „Блек Хок“ доаѓа во Скопје, ја прифативме и помошта од Словенците - најкритично на Готен
-
Аpсовска се соочи со напаѓачот Јамалари – тој не чувствува вина за нападот