Во Берово и Делчево до 17 часот гласале вкупно 7.529 граѓани

Во мирна и демократска атмосфера продолжува референдумското гласање во општините Берово и Делчево. Во Берово од информациите на Мишо Догазански, претседател на општинската изборна комисија вкупно до 17 часот гласале 29,95 проценти од граѓаните.
- Од информациите кои пристигнуваат од вкупно 16 избирачки места немаме информации за нерегуларно одвивање на референдумскиот процес. Согласно добиените информации во Берово гласале 3.283 гласачи. Гласањето продолжува до 19 часот, рече Догазански.
Во Делчево при последниот направен пресек согласно добиените информации од Владимир Петровски, претседател на општинската изборна комисија во Делчево од 14.721 гласач до 17 часот своето право го оствариле 4.246 граѓани.
- Процентуално 28,8 проценти е излезноста на гласачкото тело од Делчево. Согласно она што го имаме како информација од терен процесот на гласање се одвива во најдобар ред а се надеваме дека така ќе продолжи гласањето се до затворањето на гласачките места во 19 часот, информираше Петеровски.
Во Пехчево до 17 часот своето право на глас го оствариле 1231 гласач или 29.46 проценти.
Ново на Сител
-

Преглед на вестите од светот
-

Законот за прекршоци пред пратениците
-

Вработените во Пошта протестираат оти им доцни платата, директорот вели денеска ќе биде исплатена
-

Обоистката на МОБ Петрушевска обвинува дека е незаконски суспендирана
-

Преку промоција на културата до повеќе посетители
-

Кадровско засилување на кочанската општа болница
-

Преглед на вестите од светот
-

Ние сме против ад хок зголемување на плати без раст на продуктивноста, велат од Министерството за економија
