Во Берово -12, во Скопје минус девет
Минусни температури се регистрирани изутринава во цела Македонија. Најстудено - 12 е во Берово и во Маврово со - 11. Во Скопје се измерени минус девет степени, соопшто УХМР.
Утринава преовладува студено време, во северните делови ведро со мала до умерена локална облачност, а во јужните делови умерено до значително облачно. Дува слаб северен ветер, особено на повисоките места и планините.
Во текот на денот ќе биде сончево и студено со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен северен ветер, особено долж Повардарието.Највисоката температура на воздухот ќе се движи во интервалот од 1 до 7 степени.
Во Скопје слично време. Највисоката температура на воздухот ќе достигне до 5 степени.
Утре ќе има зголемување на облачноста, а во северните делови и на планините ќе има повремен слаб снег. Ќе дува засилен северен ветер. Од недела следува период на стабилно и суво време, од понеделник со значителен пораст на дневните температури.
Ново на Сител
-
22-годишна девојка усмртена кај „Силбо“, ја прегазил 20-годишник
-
Без струја утре делови од општина Центар
-
Германски државјанин спасен откако се изгубил на Скопска Црна Гора
-
Петмина скијачи загинаа во лавини на француските Алпи
-
Повикот за бојкот на маркетите добива се поголема поддршка, Владата со засилени контроли во трговските ланци
-
Џозеф: Македонскиот модел може да послужи во Србија, САД можат да бидат посредникот
-
Трамп: Зошто хеликоптерот не одеше нагоре или надолу, или се сврти
-
Дали студентските протести во Србија се „обоена револуција“, како што тврди власта