Свет
14. November 2015 - 12:21

Во Берлин собири за поддршка на Франција

Во знак на поддршка на францускиот народ кој вчера се соочи со еден од најкрвавите терористички напади во својата историја, во главниот град на Германија беше организиран собир на кој што е искажана солидарност со Франција.
 
Стотици луѓе пред Бранндербуршката порта и пред француската амбасада со свеќи во рацете оддадоа почит кон жртвите на терористичките напади и нивните семејства и порачаа дека Германија останува најблизок пријател на Франција.