Во Берлин проекција на The Hip – Reality Overdrive од Јане Алтипармаков
Филмот The Hip – Reality Overdrive на режисерот Јане Алтипармаков вечер ќе биде прикажан во Прима Центарот во Берлин.
Направен според идеја на Љубиша Петрушевски, филмот претставува колаж на влијанија од литературата, филмот, сликарството, но и вид внатрешно патување. Камерата е на Наташа Гелева, за монтажата се задолжени Владимир Петровски Картер, Дарко Стефановски, Димитар Илиевски, а учествуваат The Hip, Ања Илиева и Сања Костовска.
Проектот е во издание на ПМГ Рекордингс.
- Станува збор за визуелен ремикс на музиката на кумановскиот алтернативен бенд The Hip. На друго ниво, пак, се работи за себеиспитување, самоанализа, себепронаоѓање, кулминација на сензациите, естетски омаж, уживање во уметноста, вели Алтипармаков кој освен со режија, се занимава и со критика и диџејство.
Јане Алтипармаков е автор на неколку музички видео спотови, краткометражни и документарни филмови. Дел е и од авторската екипа на омнибусот Скопје Ремикс, кој ја доби специјалната награда за иновативност на Фестивалот на балкански филм во Поградец, Република Албанија. Неговите авторски дела се прикажувани на повеќе фестивали кај нас и во светот. Моментно работи на вториот дел од проектот за The Hip, а учествува и како асистент режисер на шведскиот филм Затнати Усти во режија и сценарио на Карл Абрахамсон, чија премиера се очекува во 2016 година.
Проекцијата на The Hip – Reality Overdrive е закажана за 20 часот.
Ново на Сител
-
Обилните дождови предизвикаа свлечиште во Непал, загинаа најмалку 14 лица, девет се водат за исчезнати
-
Владина делегација на Самитот на НАТО во Вашингтон - јакнење на билатералните односи со САД и афирмирање на земјава како стабилен партнер
-
Симовски: Имаше јаки притисоци на Бугарија пред пописот во Албанија
-
МВР: Претреси на три локации во село Гајре, едно лице задржано на информативен разговор за убистото во Тетово
-
Борел: Орбан ја претставува само Унгарија, а не и ЕУ, на самитот на туркофонските земји во Азербејџан
-
Вулканот Етна исфрли лава и облак од пепел и чад висок околу пет километри
-
Демонстрации во Барселона против прекумерниот туризам
-
Жестоки борби во источна Украина, Русите напаѓаат се повеќе локации во Доњецк