Во Белград уапсено уште едно лице под сомнение за терористичко здружување
Министерот за внатрешни работи на Србија Ивица Дачиќ изјави дека во Белград е уапсено уште едно лице под сомнение за терористичко здружување, јави дописникот на МИА од Белград.
-Во Белград е уапсено уште едно лице осомничено за терористичко здружување. Станува збор за лице од Белград, родено 1999 година, кое веќе беше уапсено пред две години бидејќи бил администратор на неколку милитантни групи на Интернет кои повикувале на џихад, соопшти Дачиќ.
Тој објасни дека случајот против него и понатаму се води, а тој е пуштен од притвор.
-Потоа продолжил да комуницира со екстремистите, така што имал секојдневна комуникација со убиениот терорист, поради што се сомнева дека директно учествувал во логистичката поддршка и организација на овој терористички чин. Полициската акција продолжува на повеќе локации во Србија, изјави Дачиќ.
Претседателот на Србија Александар Вучиќ посочи дека се уште се трага по неколку лица.
-Едно лице не ни е достапно, но знаеме дека е на територијата на Србија. Се водел по истите принципи како и Салахудин. Ги следеле и за седум-осум дена требало да бидат уапсени, толку време му требало на обвинителот да ги собере сите докази, но очигледно е дека тие почнале порано, рече Вучиќ.
Тој наведе дека секој има право да ја избере својата вера, но дека извршителите на овој напад се приклучиле на екстремистичките кругови.
-Следени се по линија – индикативни на тероризам, се знаеше дека еден од нив (главниот терорист) дошол да ја посети мајка си, но после тоа се изгубила можноста за следење, заклучи претседателот на Србија.
Ново на Сител
-
Канада испраќа во Украина дронови, муниција и оклопни возила вредни милијарда канадски долари
-
Приведен 43-годишен родител на фудбалер, по инцидентот на натпреварот меѓу пионерските екипи на „Шкупи“ и „Брегалница“
-
ФФМ го осуди инцидентот на натпреварот Брегалница – Шкупи: Нема компромис со насилството
-
Димитриеска-Кочоска во Загреб на потпишување Меморандум, Македонија се вклучува во иницијатива за унапредување на пазарите на капитал во Централна и Југоисточна Европа
-
Пропадна уште еден обид за конституирање на Собранието на Косово
-
Српскиот претседател претстави нови економски мерки за подобрување на животниот стандард на жителите на државата
-
Приведен 29-годишник, возел со 171 километри на час на место каде е дозволено 100
-
Приведен 36-годишник, при претрес на неговиот дом пронајдена е дрога