Во Белград и денеска блокади и протести поради трагедијата во Нови Сад
Во Белград и денеска на повеќе локации беа поставени блокади во знак на протест поради жртвите од трагедијата на железничката станица во Нови Сад, пренесува Бета.
Зелениот левичарски фронт (ЗЛФ) соопшти дека 15 минути го блокирал белградскиот Северен булевар во спомен на жртвите од Нови Сад.
Од ЗЛФ на Фејсбук, заедно со фотографиите од блокадата, соопштија дека „нема да се откажат од одговорноста и правдата!“.
„Ако нема правда за народот, нека нема мир за власта“, беше еден од паролите на средбата.
Во Белград денеска студентите 15 минути блокирале дел од булеварот „Крал Александар“, како и улицата кај Земјоделскиот факултет, оддавајќи им почит на жртвите од уривањето на настрешницата на железничката станица во Нови Сад.
Нова.рс јави дека е идентификуван и уапсен маж кој со автомобил влетал во толпа студенти во близина на Земјоделскиот факултет.
Ново на Сител
-
Преглед на вестите од светот
-
Перински ги почна консултациите за измените на законот за локална самоуправа
-
Штипски „Исар“ ќе ги намалува загубите на вода со инсталација на СКАДА системот
-
5 жртви на подрачјето на СВР Охрид
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Панче Тошковски, министер за внатрешни работи
-
75 години Танец
-
Средби и стратегија за пласман пред, а не за време на сезоната бараат земјоделците