-->
-->
Во Белгија се вратиле 117 џихадисти од ИД во Сирија
-->
Белгискиот министер за внатрешни работи Јан Јамбон објави пред парламентот дека во државата се вратиле 117 џихадисти кои се бореле во редовите на Исламска држава во Сирија, јави БТА цитирајќи локални медиуми.
Вкупно 451 белгиски граѓанин “заминал или имале намера да заминат во даден момент“ за да бидат дел од ИД, прецизира Јамбон.
Тој додаде дека од вкупниот број, 59 не успеале да заминат од Белгија. Податоците покажуваат дека половината белгиски џихадисти се од Брисел, од квартовите Моленбек, Скарбек и Вилворд.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Љутков: Универзална сала ќе биде готова до крајот на 2027
-
Вардар – Пелистер во првото коло од новата сезона на ПМФЛ
-
Приведени четири странски државјанки во Гостивар поради злоупотреба на туристичкиот престој
-
Во изминатото деноноќие 28 пожари, активни се три
-
До крајот на неделава променливо време со повремен дожд и грмежи
-
Од 4 август онколошките пациенти ќе можат таблетарната терапија да ја подигнуваат од аптеките
-
Обвинение за мотоциклистот кој усмрти пешак на пешачка патека и побегна
-
Приведен возач од струшко, управувал возило со 176 км на час каде дозволената брзина е 80 км на час