Во Белгија отворен најголемиот центар за чоколадо во светот
– Во Локерен, источна Фландрија, е отворен најголемиот дистрибутивен центар за чоколадо во светот, објави белгискиот портал „Фокус“.
Белгиско-швајцарскиот производител на чоколада Бери Калебо отвори центар наречен „Чоколадна кутија“ – висока 41 метар, којашто зафаќа површина од повеќе од 10 фудбалски игралишта. Секоја година, 75 милиони килограми пакувани чоколадни производи ќе пристигнуваат на 125.000 палети од двете фабрики на „Калебо“, кои произведуваат околу 500.000 тони чоколадо. Просториите имаат постојана температура од 18 Целзиусови степени.
Со овој проект, којшто чинеше околу 100 милиони евра, производителот гарантира подобра понуда за странските клиенти, додава белгискиот портал.
Белгиското чоколадо важи за висококвалитетно чоколадо. „Пралините“, на пр. како чоколадни бонбончиња биле измислени 1912 година од Белгиецот Жан Нојхаус (1877 – 1953). Во Белгија има и музеј посветен на тој светски познат деликатес.
Ново на Сител
-
Перински ги почна консултациите за измените на законот за локална самоуправа
-
Штипски „Исар“ ќе ги намалува загубите на вода со инсталација на СКАДА системот
-
5 жртви на подрачјето на СВР Охрид
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Панче Тошковски, министер за внатрешни работи
-
75 години Танец
-
Средби и стратегија за пласман пред, а не за време на сезоната бараат земјоделците
-
Водата во Скопје по санацијата е безбедна за користење покажаа испитувањата