Во Белгија обвинети тројца мажи за „обид за терористичко убиство“
Белгиските власти подигнаа обвиненија против тројца мажи поради „обид за терористичко убиство“ по двондневната рација во 40 домови во државата.
Тројцата се именувани како Самир Ц. Мустафа Б. И Џавад Б. Тие се меѓу 12 претходно упасени лица во вчерашната акција. Тројцата се обвинети и за учество во активности на терористичка група додека девет други се пуштени по информативниот разговор.
Во Белгија во полициски рации во 40 домови во државата беа уаспени 12 луѓе поради сомневање дека планирале нови напади, соопшти канцеларијата на федералниот обвинител.
Рациите минаа без инциденти и не е пронајдено оружје ниту муниција.
Белгиската телевизија ВТМ јави дека луѓето кои се осомничени планирале напади во Брисел во викендот за време на фудбалскиот натпревар на белгиската репрезентација на Еуро 2016.
Полицијата добила на 15 јуни предупредување дека припадници на ИД неодамна ја напуштиле Сирија и се упатиле кон Европа планирајќи напади во Белгија и Франција.
Ново на Сител
-
Стравичен случај во Ѓорче
-
Љубов кон татковината
-
Двојни аршини за Балансерот
-
По заминувањето на Тачи, Села тврди дека фронтот на ДУИ е стабилен
-
Ќе ги спречи ли државата големите маркети да го изиграат Законот за нефер трговски практики
-
Советот на Европа со нова критика до Бугарија – Нема свест за правата на малцинствата
-
Владата, синдикатите и работодавачите седнаа на заедничка маса
-
Познати компании го изигрувале Законот за поврат на ДДВ