Во Белата куќа денеска почнува дводневниот состанок за Србија и Косово

Во Белата куќа денеска почнува дводневниот состанок на делегациите на Србија и Косово како дел од продолжувањето на нивниот дијалог.
Домаќини на состанокот се специјалниот пратеник на американскиот претседател за преговорите меѓу Косово и Србија, Ричард Гренел и советникот за национална безбедност на САД, Роберт О’Брајан, додека делегациите на Србија и Косово ќе бидат предводени од претседателот Александар Вучиќ и премиерот Авдулах Хоти.
Извори блиски до американската администрација изјавија дека САД немаат „таен план“ и дека темите ќе бидат економски, пренесува Бета. Според нив, ќе се разговара за три договори постигнати од двете страни: повторно воведување на авио линии и развој на железничкиот и патниот сообраќај.
Засега е непознато дали американскиот претседател Доналд Трамп ќе присуствува на состаноците.
По средбата во Вашингтон, планирано е високите делегации на Србија и Косово да имаат средба во Брисел на 7 септември за продолжување на дијалогот. Домаќин на состанокот ќе биде високиот претставник на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика Џозеп Борел и специјалниот претставник на ЕУ за дијалогот Белград-Приштина Мирослав Лајчак.
Ново на Сител
-

Мицкоски: Коридорите 8 и 10 наш најголем приоритет, неделава тендер за гасоводот со Србија
-

ТФТ го загуби и вториот натпревар против Борац во баражот за АБА лигата
-

Алегри по поразот од Аталанта: Примивме гол уште од самиот почеток, а потоа се распаднавме
-

Герасимовски: Финансиска поддршка за cанација на покриви и лифтови
-

Кос: Во ЕУ има место за сите земји од Западен Балкан
-

Георгиадис: Не постои апсолутно никаков страв од ширење на хантавирусот во Грција
-

Почнува судењето на 13 полицајци за пожарот во „Пулс“
-

Апелациски суд ќе ги разгледува жалбите на пресудата за убиствата на Вања и Панче
