Во автобуска несреќа во источна Турција загинаа 17 мигранти, 50 се повредени
Седумнаесет лица загинаа, а 50 се повредени откако автобус во кој се превезуле мигранти се преврте во турската источна провинција Ван, соопшти гувернерот на провинцијата Мехмет Емин Билмез, цитиран од државната агенција Анадолија.
Агенцијата ДПА пренесува дека минибусот со мигрантите се спуштал по рид и влетал во река во близина на населбата Ерчек, во областа Ипекиолу, на околу 60 километри од границата со Иран.
Гувернерот Билмез изјави дека турскиот возач, исто така, починал, додека националностите на останатите патници не е позната.
Тој додаде дека повредените биле пренеси во неколку болници во градот Ван
-Седуммина од повредените се наоѓаат на интензивна нега. Со божја волја, бројот на жртвите не очекуваме да расте, додаде Билмаз
Државната телевизија ТРТ сподели видео снимка од луѓе кои се расфрлани околу бел минибус и спасувачи како носат ранети и мртви тела.
Градот Ван се наоѓа на рутата на мигрантите од Авганистан, Пакистан и Бангладеш, на нивниот пат кон Европа, наведе ДПА
Ново на Сител
-
МЖСПП: По пожарот во Трубарево измерени се високи концентрации на честички и тешки метали
-
Жител на струшко Велешта осомничен за три кривични дела
-
Трамп сака да ја поврати контролата врз воздухопловна база Баграм во Авганистан
-
Македонските ракометарки во Охрид на мегдан против Египет
-
Приведени 15 лица, во кои има вработени во МВР, ЈП Национални шуми, предизвикале штета од над 100 милиони евра
-
13 лица приведени по масовна тепачка пред прилепската болница, полицијата пукала во воздух за да престанат да се тепаат
-
50-годишник од Богданци со остар предмет се заканувал на едно лице на бензинска пумпа
-
Тешко повреден кавадарчанец при извршување работни задачи во фабрика