Во автобусите на ЈСП Скопје од денеска се плаќа и со мобилен на ВИП
ЈСП Скопје информира дека после успешното тестирање на системот, од денеска во функција ќе биде ставено и плаќањето со мобилен телефон за претплатниците од ВИП операторот.
Со ова се комплетира можноста на сите граѓани да можат да ги користат услугите на јавното претпријатие, со што се овозможува полесно плаќање на билетите и за оние лица кои не толку често го користат јавниот превоз.
Оваа услуга ќе може да се користи откако ќе се активира услугата. Поточно, прво се праќа бесплатна СМС порака на бројот 14 11 14, со текст START, со што оваа услуга станува активна. Активацијата се прави еднократно.
Кога претплатничкиот број е веќе активиран, плаќањето се врши само со вртење на бројот 185. Откога ќе се добие сигналот, телефонот се доближува до валидаторот. Плаќањето трае неколку секунди, со што претплатникот добива повратна СМС порака дека плаќањето е успешно. Оваа порака, корисниците на јавниот превоз се должни да ја чуваат до крајот на нивното возење.
ЈСП Скопје ги информира и корисниците на броеви од Македонски Телеком дека овој оператор ја исклучи активацијата за оваа услуга, што значи дека граѓаните немаат потреба од нејзино активирање, туку веднаш можат да пристапат кон плаќање на билетот во автобус со вртењето на бројот 185.
Ново на Сител
-
КМФМ се оградува од настанот кој ќе се одржи во Јане Сандански: Шоу настан на кој наши членови нема да земат учество
-
Кикбоксерите со своите светски медалисти повторно на сопствен трошок отпатуваа на Европското јуниорско првенство
-
Пожар во фабрика во Трубарево, го гасат повеќе екипи, пожарникарите интервенирале и во Лисиче
-
Зидан постигна договор со Француската фудбалска федерација
-
Уапсено 40-годишно лице од Куманово, возело со 1,57 промили алкохол во крвта
-
Уапсен кумановец, возел со 2,66 промили алкохол во крвта
-
Принцот Хари ја посети Украина: „Не можеме да го запреме војната, но можеме да помогнеме“
-
Трамп навести истрага против Сорос