-->
-->
Во Австрија три лица повредени од напаѓачи-кловнови
-->

Три лица се повредени во Австрија од напаѓачи облечени како кловнови.
Момче (19) било нападнато од тројца мажи маскирани како кловнови, од кој едниот го удирал со бејзбол палка. Инцидентот се случил во градот Шваз во Тирол.
Во Мирцушлаг во Штаерска, 16-годишна девојка паднала во шахта, додека се обидувала да му побегне на напаѓач облечен како кловн. Девојката се здобила со сериозни повреди и е хоспитализирана.
Во градот Вилах од Корушка, пак, 16-годишна девојка била нападната додека џогирала од лице облечено како кловн. И таа е примена во болница.
Слични напади имаше и во САД, Велика Британија, Германија, Нов Зеланд и Австралија, но првпат се регистирани во Австрија.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Штетите од војната на Блискиот Исток ќе се чувствуваат со години
-

Стратешки дијалог со САД
-

Тема на денот со Синиша Наумоски, универзитетски професор
-

Роботска хирургија во клиничката болница „Аџибадем Систина“
-

Стратешки дијалог со САД
-

Мартовската инфлација е 4,9%, Мицкоски најавува таргетирани мерки
-

ССМ на протест за поголеми плати
-

Уапсени 8 дилери на кокаин
