-->
-->
Во авионска несреќа настрада ФК Шапикоенсе и 21 спортски новинар?!
-->
Сеуште нема прецизни податоци за бројот на настрадани во авионската несреќа која се случи во близина на Меделин во Колумбија. Во авионот имало 72 патници и девет членови на екипажот.
Меѓу патниците биле и 22-ца фудбалери на бразилскиот клуб Шапикоенсе, како и 21 новинар од оваа земја.
Бразилците патувале на првиот финален натпревар во Копа Судамерикана против Атлетико Насионал. Инаку Копа Судамерикана е пандан на Лига Европа.
Светските медиуми, повикувајќи се на локалните новинари, објавија дека меѓу првите во болницата бил донесен фудбалерот Алан Рушел (27), кој на својот профил на Инстаграм објави кратка снимка од авионот. До Рушел седи 31-годишниот голман Данило кој според непотврдени информации исто така бил донесен во болницата.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Гужви на граница
-
Коцевски: Истрагата за пожарот во Кочани мора да заврши во законски предвидениот рок од 90 дена, односно до 16-17 јуни
-
Фатен бегалец од затвор, четири години бил во бегство
-
Уапсен е гевгеличанецот кој со месеци демнел семејство од Скопје
-
23-годишен штипјанец се обидел со секира да ја нападне сопствената сестра
-
Песков: Договорот за прекин на војната со Украина не е можно брзо да се постигне
-
Трамп: Би сакал јас да бидам папа
-
42-годишен кавадарчанец ограбил 11 куќи и викендици за пет месеци