Во август трошоците на живот повисоки, цените на мало пониски

Трошоците на животот во август годинава во однос на август лани бележат раст од 0,1 отсто, а цените на мало намалување од 0,8 отсто. Во однос на петходниот месец кај трошоците на живот нема промена, а кај цените на мало пораст од 0,4 отсто.
Според Државниот завод за статистика, пораст е забележан кај свежиот зеленчук за 2,7 отсто, свежото овошје за 1,7 отсто, сувомеснатите производи и рибата за 0,6 отсто, сувото овошје и безалкохолните пијалаци за 0,3 отсто, трајните колбасичарски производи, свежото млеко, замрзнатиот зеленчук и кондиторските производи за 0,2 проценти.
Пораст на индексот на трошоците на животот во август 2015 година, во споредба со претходниот месец, е забележан кај авионскиот превоз на патници за 31,4 отсто, цврстите горива и пијалаците во рестораните
за 0,8 отсто, исхраната во рестораните за 0,5 отсто, услугите за одржување и поправки на станот, електричните апарати-мали, услугите за лична хигиена, средствата за лична хигиена и накитот и часовниците за 0,2 отсто.
Намалување на индексот на трошоците на животот во август 2015 година, во споредба со претходниот месец е забележано кај јајцата за 1,9 отсто, производите од жито за 1,7 отсто, конзервираните месни производи за 0,8 отсто, другите неспомнати прехранбени производи за 0,5 отсто, шеќерот, џемот, медот, чоколадата и кондиторските производи за 0,4 отсто, свежото месо и преработките од млеко за 0,2 отсто.
Намалување на индексите на трошоците на животот е забележано и кај течните горива за домаќинствата за 10,7 проценти, услугите за сместување за 4,4 проценти, течните горива и мазива за 3,6 проценти, обувките за 1,7 проценти, гасот за домаќинствата за 1,0 проценти и централното греење за домаќинствата за 0,2 отсто.
Ново на Сител
-

Без вода утре ул. „Драгиша Мишовиќ“ во Карпош
-

Почна зимата
-

Поради намалена видливост откажани се 20 летови на скопскиот аеродром, слетале само авионите од Дортмунд и од Виена
-

Песков: Не е планиран телефонски разговор меѓу Путин и Трамп, ќе го организираме по потреба
-

Двајца македонски државјани загинаа во тешка сообраќајка на патот Белград – Ниш
-

Лавров: За секоја акција постои реакција
-

Мицотакис: Од 27 барања на земјоделците, само седум не можат да се исполнат
-

Намалена видливост поради магла на неколку патни правци низ државава
