Македонија
26. October 2015 - 13:46

Во август 62,86 отсто од потрошената струја од домашни извори

Македонија во август годинава потрошила 586.578 мегават часови електрична енергија, 2,074 милијарди нормални метри кубни природен гас, 449.298 тони јаглен и 91.098 тони нафтени продукти. 

Според податоците на Државниот завод за статистика, 62,86 отсто од потрошената електрична енергија е од домашни извори,  а 95,73 проценти од вкупната потрошувачка на јаглени се употребени за производство на струја.