Во Авганистан се урна авион со шест лица што летал од Индија за Москва
На северот на Авганистан синоќа се урна руски цивилен авион „Фалкон 10“, а според првичните информации, во леталото имало четворица членови на екипажот и двајца патници , пренесуваат руските медиуми.
Британските медиуми пренесуваат дека авганистанската полиција добила информации за пад на авион во провинцијата Бадакшан, во непристапна планинска област.
Таа засега нема потврда за типот на авионот, причината за несреќата или жртвите, меѓутоа руската контрола на летање објави дека се работи за авион „Дасо Фалкон 10“, што летал од Индија за Москва.
Авионот престанал да комуницира синоќа додека бил во авганистанскиот воздушен простор, во близина на границата со Таџикистан, и исчезнал од радарските екрани, објави денеска руската Федерална агенција за воздушен транспорт, на својот канал Телеграм.
„Според првите податоци, во авионот имало шест лица – четворица членови на екипажот и двајца патници“, се наведува во соопштението.
Потрагата по леталото е во тек, а Росавијација е во контакт со воздухопловните власти на Авганистан и Таџикистан.
Ново на Сител
-
Избувнувањето на повеќе пожари во истовреме не е случајност, вели Ангелов
-
Четири лица здравствено згрижени на Токсикологија по пожарот во Трубарево
-
Меџити: Ќе се утврдува во колкава мера било загадувањето врз животната средина од пожарот во Трубарево
-
ОЈО Скопје презема дејствија во врска со пожарот во Трубарево
-
Приведен гевгеличанец, со возило удрил во мотоцикл при што тешко повредил двајца малолетници
-
Повеќето Германци стравуваат од можен руски напад врз НАТО
-
Уапсен неготинец, возел со 2,38 промили алкохол во крвта
-
Ангелов: Пожарот во Трубарево е изгаснат, но има силно чадење, ноќеска повторно гореше и во „Дрисла“